Во новиот филм Marry Me („Омажи се за мене“), Џенифер Лопез има улога што ѝ е позната и надвор од екранот, портретирајќи поп-ѕвезда чиј љубовен живот е под лупа на милиони луѓе.
Често фотографирана од папараци и во реалниот живот, Лопез во филмот ја портретира Кет Валдез, едната половина од музичката суперстар двојка со партнерот Бастијан (Малума).
Двајцата планираат да се венчаат пред глобална публика, пренесувајќи ја нивната свадба на своите фанови, но кратко пред тоа, Кет дознава дека Бастијан бил неверен, и наместо со него, таа се мажи со странец од публиката, Чарли, кој го глуми Овен Вилсон.
„Ова не беше улога за која требаше да истражувам како е да се биде познат уметник … Јас разбирам што е сето тоа“, рече Лопез во текот на виртуелна прес-конференција.
„Тешкиот дел беше… идејата да покажам како е во мојата спална соба кога нешто ќе тргне наопаку и кога ќе ти се скрши срцето пред целиот свет, а медиумите ќе тргнат на тебе“.
Светските шоу-биз медиуми коментираат дека Marry Me, oбјавен пред Денот на вљубените, всушност е „враќање дома“ за Лопез, позната по ваков тип на филмови како Maid in Manhattan, The Wedding Planner и The Back-up Plan.