Џони Деп на суд: Тврдењата на Херд се сурови и лажни

пред 3 години

Актерот Џони Деп во средата повторно сведочеше во рамки на судскиот спор против неговата поранешна сопруга Амбер Херд.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Деп се врати како сведок за да го побие тврдењето на Херд во судската битка за клевета, потенцирајќи дека наводите за злоупотреба што таа ги изнесе против него „се незамисливо брутални, сурови и лажни“.

Ѕвездата на „Пиратите од Карибите“ (58), ја тужи Херд и бара оштета од 50 милиони долари бидејќи го клеветела кога тврдела дека трпи семејно насилство. Херд (36) поднесе контра-тужба за 100 милиони долари, поради тоа што Деп и неговиот адвокатски тим ја нарекуваат лажга.

Во средата, Деп и неговите адвокати се обидуваа да го побијат сведочењето на Херд дека физички и сексуално ја малтретирал повеќе пати пред и за време на нивниот брак, кој заврши во 2017 година.

Share
Scroll to Top