Џо Бајден ја менува декорацијата во Белата куќа

пред 4 години

googletag.cmd.push(function() { googletag.display(‘div-gpt-ad-1566809029200-0’); });

Новата администрација на Џо Бајден, новиот претседател на САД, покрај државната политика, ја промени и декорацијата внатре во Белата куќа.

Новиот изглед изгледа забавен, но истовремено е ставен и личен печат, пренесува „Индепендент“. За време на инаугурацијата, 90 припадници на персоналот во Белата куќа, почнале да го вселуваат семејството Бајден, за што им биле потребни пет часа.

Бајден не планираат целосно да го изменат изгледот на Белата куќа или да доведат личен декоратер. Но, тие имаат сменето некои детали и веројатно ќе вложат милион долари за да ја преуредат една од најпознатите згради во светот.

Една од промените е статуата на легендарниот борец за права на фармерите, Сезар Чавез, кој се наоѓа зад претседателската маса во Овалната соба.

„Ставањето статуа на мојот татко во Овалниот кабинет симболизира нови денови, нова надеж за нашата нација. Ова го говорам не затоа што тоа е чест на мојот татко, туку затоа што тоа претставува вера и охрабрување за сите луѓе во чие име тој се борел“, изјавил Пол Чаевз, синот на Сезар за NBC.

Исто така, во Овалниот кабинет ќе бидат поставени и статуите на Роуз Паркс и Еленор Рузвелт, а портретот на поранешниот претседател Ендру Џексон, ќе биде заменет со портретот на Бенџамин Френклин.

Место во Белата куќа ќе има и за кучињата на Бајден, Чемп и Мејџор, откако Трампови беа првите кои по долго време немале домашни миленици.

Не постои официјална најава дека ова ќе се случи, но многумина ургират на Бајдени да ја вратат старата градина во Белата куќа, по контроверзните промени кои ги донесе поранешната прва дама, Меланија Трамп. Таа ги тргна билките за да стави плочи за шетање.