Џуди Денч стана најстарата актерка што некогаш била номинирана за „Оскар“

пред 3 години

Британската дама Џуди Денч влезе во историјата на „Оскарите“ со вчерашната номинација во категоријата Најдобра актерка во споредна улога за филмот „Белфаст“.

На возраст од 87 години, таа стана најстарата актерка што некогаш била номинирана за престижната награда на американската академија за филмска уметност.

Во филмот на Кенет Брана, ветеранката глуми баба на младото момче Бади, чии родители треба да одлучат дали да останат во Белфаст додека градот влегува во воена состојба.

Ова е нејзина осма номинација за „Оскар“, од кои првата беше во 1999 година за улогата на кралицата Елизабета Прва во „Вљубениот Шекспир“.

 

Share
Scroll to Top