40 млади ќе ја играат „Макарена“ на ромски јазик пред ГТЦ: Флеш моб приказна за Денот на вљубените

пред 3 години

На Плоштад Македонија, денес за Денот на вљубените пред влезот на ГТЦ  во 16 часот повеќе од 40 млади, Роми и не-Роми, од Македонија, Белгија и Шпанија, ќе изведат Флеш моб – краток перформанс . Флеш моб претставува група на луѓе кои се среќаваат на одредено место во одредено време презентирајќи јавен настап со некаква цел. Најчесто, учесниците немаат многу време за подготовка, но нивните настапи изгледаат складно и синхронизирано. Пораката која учесниците во овој Флеш моб сакаат да ја пренесат токму на Денот на вљубените е дека треба повеќе да се зближиме едни со други, да се сакаме и почитуваме. Овој перформанс ќе ве насмее, ќе ве замисли и истовремено ќе направи да ви заиграте и вие слушајќи ја познатата „Макарена“, на ромски јазик.

Европската невладина организација „Мадам фортуна“ е организаторот на Флеш мобот, во партнерство со македонската невладина организација „МИР“ и „Tide de Music“, од Шпанија.

Голем удел во реализирање на целата културолошка размена имаат и „Рома Театар“, а дел од учесниците во Флеш мобот се ученици од средното училиште „Шаип Јусуф“ од Скопје.

Ако патот ве води накај центарот на главниот град, пред да започнете со вечерните планови за прославување на Денот на љубовта – не ја пропуштајте „Макарена“ пред влезот на ГТЦ од 16часот.

 

Share
Scroll to Top