86-годишна Американка е најстарата стјуардеса на светот, наскоро ќе прослави 65 години стаж

пред 2 години

Бет Неш на 86 години е најстарата активна стјуардеса на светот и се запиша во Гинисова книга на рекорди. Таа почнала да работи во 1957 години и наесен ќе прослави 65 години во авиослужбата.

var ai_script = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_viewport (ai_script [ai_script.length – 1]);

Неш најголем дел од кариерата летала на линијата Њујорк-Вашингтон-Сиетл. Иако можела да ја избере која било маршрута за летање, најмногу ја сакала оваа линија зашто ѝ овозможува да биде дома секоја вечер со својот хендикепиран син.

Нејзината прва фирма била „Истерн ерлајнс“, а по неколку спојувања, завршила во „Американ ерлајнс“. Едно време работела и за Доналд Трамп.

„Во раните денови, патниците ѝ плаќаа на стјуардесата при качувањето. Летот од Њујорк до Вашингтон чинеше 12 долари. Среде лет им подававме цигари и кибрит на патниците“, вели Неш, која сè уште редовно присуствува на задолжителните обуки за стјуардеси.

Кога почнувала да работи, авиокомпанијата ја проверувала дома дали живее со маж, зашто во тоа време, на стјуардесите не им било дозволено да бидат мажени.

„Авиокомпанијата исто така ми ја мереше тежината пред смената и можеше да ме суспендира ако сум качила премногу килограми. Тоа беше ужасно“, раскажала Неш за американските медиуми.

 

Share
Scroll to Top