Oд Марадона на Инстаграм се прости и неговата последна девојка: Збогум, мој Диего

пред 3 години

И покрај тоа што нивната врска заврши скандалозно, 30-годишната русокоса Роцио Оливија се прости од Диего Марадона на „Инстаграм“. Роцио објави две стории на кои се прикажани фотографии од среќните денови со славниот фудбалер, а под едната пишува: Збогум, мој Диего.

Роцио Оливија беше гостин во една аргентинска телевизија и плачеше зборувајќи за Марадона. Таа рече дека неговите деца и поранешната сопруга не и дозволуваат да се збогува со него на бдението.

„Ме боли што не ме пуштаат, го повредуваат и Диего. Јас сум неговата последна партнерка, имам исто право да се збогувам со него како и другите. Не знам зошто ми го прават тоа, не провоцирам никого”, изјави Роцио, која не ги криеше солзите.

„Многу се сакавме. Тој беше многу љубезен кон мене, секогаш ќе го паметам по добро. Беше прекрасен кон моето семејство, имаше џиновско срце”, рече меѓу другото Роцио.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rocio! (@rocio_g_oliva)

Марадона и поранешата фудбалерка биле во врска неколку години, а се запознале во 2012 година. Тие се свршиле во 2014 година, но свадбата никогаш не се одржала.

За прекинот на нивната врска пишуваа светските медиуми во 2018 година, бидејќи Роцио го избркала свршеникот од куќата што и ја купил. Нивната разделба беше проследена со бројни расправии. Роцио не сакала да замине од Аргентина во Мексико, каде што Марадона во тоа време бил тренер на мексиканскиот второлигаш Дорадоас де Синалоа.

Share
Scroll to Top