Американски хирурзи за првпат успејаа да пресадат срце од свиња во човек. Тие му пресадија срце на свиња на 57 годишниот Дејвид Бенет. Тој стана првиот човек на кој му било пресадено срце од генетски модифицирана свиња.
Лекарите велат дека тоа било последната надеж за да му го спасат животот. Иако тој сега се чувствува добро и самиот дише, но, засега не знаат каква ќе биде неговата состојба во иднина.
„Срцето има пулс, создава притисок, тоа е неговото срце“, рече главниот лекар Бартли Грифит кој ја водел операцијата.
„Оваа операција е чекор напред кон решавањето на кризата со недостиг на органи. Секој ден, во САД умираат 17 луѓе кои чекале пресадување, а повеќе од 100.000 се на листата на чекање“, додаде тој.