Блескај како дијамант: Барбадос ја прогласи Ријана за национален херој

пред 2 години

Барбадос ја прогласи пејачката Ријана за национален херој на прославата на републиката во нејзиниот роден град Бриџтаун.

Премиерката Миа Мотли најави дека на 33-годишната музичка ѕвезда ќе ѝ биде доделена честа Националниот херој на Барбадос, а ваквата најава беше дочекана со бурни овации.

Ријана потоа ја повикаа да застане пред публиката заедно со премиерката Мотли.

„Продолжи да сјаеш како дијамант и да ѝ носиш чест на твојата нација со твоите дела, со твоите постапки“, ѝ рече Мотли на Ријана, алудирајќи на нејзиниот хит Diamonds кој беше на врвот на топ листите во 2012 година.

Share
Scroll to Top