Боб Дилан негира сексуалeн напад врз малолетничка во 1965 година

пред 4 години

Американскиот пејач-текстописец Боб Дилан е тужен од жена која вели дека сексуално ја злоставувал во 1965 година кога имала 12 години.

Во тужбата се наведува дека Дилан „го искористил својот статус на музичар за да ѝ дава алкохол и дрога и сексуално да ја злоупотребува повеќе пати“.

Се наведува дека злоупотребата се случила во станот на Дилан во хотелот Челзи во Њујорк.

Портпаролот на Дилан за „Би-би-си“ изјави дека тврдењето на 56-годишната е невистинито и дека енергично ќе се брани.

Тужбата беше поднесена минатиот петок до Врховниот суд во Њујорк. Тужителката, која моментално живее во државата Конектикат, е идентификувана само по нејзините иницијали ( Ј.С.) Таа тврди дека пејачот (80) ѝ нанел „тешка психолошка траума“ и бара неодредена оштета.

Боб Дилан, роден како Роберт Ален Цимерман, продаде повеќе од 125 милиони албуми низ целиот свет во текот на кариерата која траеше шест децении.

Дилан, кој е нарекуван и „Пикасо на музиката“, е првиот музичар во историјата кој ја доби Нобеловата награда за литература (2016) за своите поетски иновации во пишувањето текстови за песни.

Share
Scroll to Top