Дали знаете дека жената може да затрудни и во перименопауза?
Многу познати жени го раѓаат своето прво, второ или трето дете во четириесеттите години, и кога тоа ќе го прикажат, делува како игра, како да е нешто најлесно на светот. Сепак, дали бременоста во овие години е навистина лесна?
Еве што морате да знаете доколку планирате да родите во петтата деценија!
Секој месец имате 5% шанса да забремените.
Во триесеттите тие шанси се околу 20%, а кога ќе наполните 40, тој процент се смалува за 4 пати, поради намалениот број на јајчени келии чиј број драстично паѓа по 37. роденден.
Плодноста на мажите исто така се намалува.
Мажите имаат ист проблем како и жените, односно со годините плодноста им се намалува. Доколку и двајцата партнери се постари од 35, шансите за зачнување во старт се намалуваат.
Можеби ќе ви биде потребно ин-витро или донирани јајчени келии.
Жените кои одат на ин-витро во раните 40-ти, имаат шанса за околу 25% да останат бремени оплодени со своите јајчени келии. Но, до 43. година овој процент паѓа на 10%, а во 44. година шансите сè на сè се 1.6%, па најчесто се користат јајчени келии од донор.
Активен живот не значи повеќе шанса за зачнување.
Правилна исхрана, оптимална телесна тежина и редовното вежбање можат да ја подобрат плодноста и да го балансираат нарушувањето на овулацијата, но не и да влијаат врз здравјето на јајчените келии и јајниците.
Можете да забремените и во текот на перименопаузата.
Перименопаузата е период од околу десет години пред потполното престанување на менструалните функции, односно менопаузата. Во текот на овој период бременоста е возможна, но важно е да имате на ум дека ризикот од абортус е поголем.
