Британскиот принц Чарлс кој по вторпат е позитивен на корона, ја заразил и кралицата кога бил во контакт со неа, шпекулираат британските медиуми.
Од палатата одбија да одговорат дали кралицата е позитивна на вирусот, но соопштија дека принцот морал да оди во изолација и да ги откаже сите планови.
„Принцот од Велс беше позитивен на тестот за ковид 19 и сега е во самоизолација“, рекоа од неговиот кабинет и објаснија дека и покрај тоа што тестот бил позитивен, принцот заега не покажал никакви симптоми.
Британците се плашат дека сега можби и кралицата Елизабета е заразена. За потсетување, Чарлс по вторпат е позитивен на ковид 19 од почетокот на пандемијата.