Вешто ја криеше бременоста: Скарлет Јохансон роди син

пред 4 години

Холивудската ѕвезда Скарлет Јохансон (36) и нејзиниот сопруг, комичар и sвезда на „Сатрдеј најт лајф“ , Колин Џост, со кого е во брак три години, во средата го дочекаа своето прво заедничко дете.

Иако во јули се шпекулираше дека актерката е бремена, двојката беше многу таинствена и никогаш не го потврдија тоа. Џост официјално потврди, кратко и како да кажува нешто сосема вообичаено, во текот на стенд-ап настап еден ден пред раѓањето, а во средата, на својот Инстагарм-профил објави дека добил син.

„Добивме бебе. Името му е Козмо. Многу го сакаме,“ напиша тој и замоли за приватност.

Скарлет и Колин се венчаа во октомври 2020 година, а актерката има и ќерка Роуз Дороти која наскоро ќе наполни седум години. Роуз е од бракот со поранешен француски новинар од кого се разведе два месеци по нејзиното раѓање.

Share
Scroll to Top