Вил Смит во понеделникот му се извини на Крис Рок за шлаканицата на церемонијата на „Оскарите“ ден претходно, издавајќи изјава откако филмската академија соопшти дека можеби ќе преземе мерки против Смит за инцидент што ги засени врвните награди во индустријата.
Смит, во објава на Инстаграм, вели дека неговото однесување на свечената церемонија е неприфатливо и неоправдано.
„Би сакал јавно да ти се извинам, Крис“, твитна Смит. „Бев надвор од линија и згрешив“.
Вил се качи на сцената и го удри Крис откако комичарот се пошегува со изгледот на неговата сопруга. Помалку од еден час подоцна, Вил доби „Оскар“ за најдобар актер за улогата на таткото на тениските ѕвезди Венус и Серена Вилијамс во „Крал Ричард“.
Крис, во шега за Џејда Пинкет Смит, се повика на филмот „Џи Ај Џејн“ од 1997 година во кој актерката Деми Мур ја избричи главата. Не беше јасно дали Крис знаел дека сопругата на Вил Смит има болест што предизвикува губење на косата.
„Шегите на моја сметка се дел од работата, но шегата за здравствената состојба на Џејда беше премногу за да ја поднесам и реагирав емотивно,“ напиша Вил.
„Засрамен сум и моите постапки не беа показател за човекот што сакам да бидам“, додаде тој.