Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко пред пратениците изјавил дека бил принден да го приземји авионо кој летал од Атина за Литваинја, а во кој се наоѓале дисидентскиот новинар Роман Протасевиќ и неговата девојка, откако службите добиле дојава за бомба.
Тој вели дека не ги прекршил законите и дека немал никаква намера да го киднапира авионот, како што го обвинија западните земји, туку сакал да ги заштити животите на патниците, откако властите ја добиле дојавата од Швајцарија.
Лукашенко вели дека постапил законски кога во неделата го пренасочил авионот на „Рајанер“ додека бил во нивниот воздушен простор.
„Сакав да ги заштитам животите на патниците. Апсолутна лага е дека белоруски борбен авион го принудил авионот да слета. Делував законски за да заштитам животи“, изјавил Лукашенко.
И додека Европската Унија воведе нови санкции за Белорусија, тамошната опозиција најави дека планира нова серија на антивладини протести.