Греми награди за Оливија Родриго, „Силк Соник“ и Џон Батист

пред 3 години

Оливија Родриго, дуото „Силк Соник“ и џез-музичарот Џон Батист ги поделија главните почести на 64. Греми награди.

Возбудливиот соул аудио-запис на Батист We Are ја освои наградата за албум на годината, додека Родриго ги освои наградите за најдобар нов изведувач и најдобар поп албум.

Соул химната на „Силк Соник“, Leave The Door Open, ги однесе и наградите за плоча и за песна на годината.

Освен наградите, на церемонијата и се оддаде почит на ѕвездата на „Фу фајтерс“, Тејлор Хокинс, и видео молба од претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Во претходно снимената порака, тој ги повика музичарите: Со вашата музика, пополнете ја тишината што ја оставија руските бомби. Кажете ја нашата приказна. Кажете ја вистината за војната!“

Неговиот говор беше проследен со настап на Џон Леџенд, придружуван од украинските музичари Сиузана Иглидан и Мика Њутн, и поетот Љуба Јакимчук.

На церемонијата, одржана во „МГМ Гранд“ во Лас Вегас, имаше енергични изведби на „Лил нас икс“, Били Ајлиш и „БТС“.

Share
Scroll to Top