Актерката од ТВ-серијата „Доктор Стрејнџ“ Зара Фитијан и нејзиниот сопруг инструктор по таиквондо Виктор Марк се соочуваат со затвор откако беа прогласени за виновни за сексуална злоупотреба на 13-годишно девојче.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Поротниците на Крунскиот суд во Нотингем ја прогласија Фитијан за виновна по 14 точки од обвинението за сексуална активност со дете извршена помеѓу 2005 и 2008 година – кога жртвата била во раните тинејџерски години.
Марк, исто така, беше осуден за истите 14 кривични дела, како и обвинението за непристоен напад во врска со друга малолетна девојка, која ја злоставувал најмалку осум пати помеѓу 2002 и 2008 година.
Двојката ги негираше обвиненијата. На крајот на судскиот процес, кој траеше 12 дена, и двајцата беа прогласени за виновни.
13-годишната тинејџерка, која сега има 30 години, пред судот рече дека Фитијан ја принудувала на сексуална активност со нејзиниот сопруг Виктор Маркл. Злоупотребата продолжила сè додека не наполнила 18 години