По веста дека Кортни Кардашијан и Тревис Баркер се венчаа во Лас Вегас по доделувањето на „Греми“ наградите, Кортни на својот Инстаграм сподели и фотографии од церемонијата.
„Еднаш одамна во една земја далеку…(Лас Вегас) во два часот по полноќ, по епска ноќ и малку текила, кралицата и нејзиниот убав крал се одважија и отидоа во единствената отворена капела со Елвис и се венчаа без дозвола,“ напиша таа.
Кортни постираше 10 фотографии од церемонијата, на кои таа и Тревис носат црни кожени јакни во капела за венчавање, додека имитатор на Елвис ги прогласува за маж и жена.
Извори блиски до парот рекоа дека ќе следат неколку свадбени прослави со „многу помпа“.
Кардашијан и Баркер се верија на плажа во октомври 2021 година, откако беа во врска речиси девет месеци. Тапанарот ја запроси во хотелот Rosewood Miramar Beach опкружен со црвени рози и бели свеќи.