Мадона се раздели од 28-годишниот партнер

пред 3 години

Мадона стави крај на тригодишната врска со 35 години помладиот Ахламалик Вилијамс, пишува „Сан“.

63-годишната поп икона, наводно, решила да ја прекине романсата со 28-годишниот танчер поради работните обврски.

„Таа се гледа со пријателите и семејството, по разделбата,“ тврди извор за весникот „Сан“. „Има преполн распоред, работи на претстојниот биографски филм, нова музика и се грижи за своето семејство. А што се однесува на врската со Ахламалик, има многу љубов, но засега тие одлучија да се разделат.“

Ахламалик се иселил од куќата на Мадона.

„Тие се уште се во добри односи и нема лутење, но тие се на различни места со нивните животи,“ рече инсајдерот.

„Поминаа месеци заедно на турнеја и во самоизилација, но сега тој се исели од нејзиниот дом.“

Share
Scroll to Top