Македонец правеше онлајн веридба откако ја запроси девојката во Перу

пред 3 години

Македонецот Мартин Глувиќ за време на пандемијата ја запознал љубовта на својот живот на Крузер, на кој работеле заедно. Мартин веќе пет месеци е во Перу каде живее неговата избраничка Луциа, а неодамна тие се верија. Неговите родители од Македонија не можеа да  присуствуваат на веридбата , ша затоа ја следеа онлајн. Глувиќ вели дека во мај е закажана и свадба, а потоа заедно ќе дојдат во Македонија.

„Веќе пет месеци сум овде во Перу. Ова е втор пат кога доаѓам, вториот пат е со убава причина – да ја побарам за сопруга. Во мај имаме закажано свадба, потоа здравје доаѓаме во Скопје, па на матично“., изјавил тој за Струмица денс.

 

Share
Scroll to Top