На Ана Фарис не ѝ треба голема свадба

пред 4 години

Ана Фарис одлучи да има тајна венчавка со Мајкл Барет бидејќи не чувствувала потреба за голема свадба.

44-годишната актерка откри дека се венчала со 51-годишниот снимател во тајност во јули, а сега вели дека поради нејзината возраст таа повеќе сакала приватност отколку огромна свадбена церемонија.

Ана претходно беше во брак двапати – со Бен Индра од 2004 до 2008 година и со Крис Прат од 2009 до 2018 година. Токму поради тоа, таа чувствува дека не ѝ потребна помпа кога станува збор за брак по трет пат.

Во интервју за „Пејџ сикс“, таа рече: „Беше прекрасно, навистина сме среќни“.

Share
Scroll to Top