Откриен третиот најголем дијамант во светот

пред 5 години

googletag.cmd.push(function() { googletag.display(‘div-gpt-ad-1566809029200-0’); });

Компанијата „Дебсвана“ го пронајде третиот најголем дијамант во светот со 1098 карати. Оваа компанија се занимава со ископување на скапоцени камења, а огромниот дијамант го откриле во нивниот рудник во африканската земја Боцвана, на 1 јуни.

„Ова е најголемиот дијамант кој „Дебсвана“ го откри во својата 50 годишна историја. Овој редок и вреден камен значи многу за земјата. Ова ретко откритие дава надеж за земјата која и понатаму се бори“, изјавила директорката на „Дебсвана“, Линет Армстронг.

Скапоцениот камен му бил покажан на претседателот Мокгветсиј Масисију, а министерот за рударство во земјата, Лефоко Моаги, изјавил дека дијамантот бил откриен во вистински момент, по пандемијата со коронавирусот, кој ја погодил земјата и продажбата на дијаманти во 2020 година.

Овој дијамант засега нема име. Тој е со димензии 73мм, 50мм, 27мм. Најголемиот дијамант во светот е Кулинан, камен од 3106 карати и е откриен во Јужна Африка. Вториот најголем е Леседи Ла Рона, кој има 1109 карати и е откриен во Каровеу во североисточна Боцвана во 2015 година.

За потсетување, Боцвана е најголем светски производител на дијаманти.

Share
Scroll to Top