Американскиот рапер Тревис Скот се соочува со повеќе тужби откако најмалку осум лица загинаа, а стотици беа повредени во стампедо од фанови на неговиот концерт „Астроворлд“ во Хјустон, Тексас.
Тужбите вклучуваат наводи дека Скот и ненајавениот изведувач Дрејк ја поттикнале публиката и дека концертниот продуцент „Лајф нејшн“ не обезбедил соодветни безбедносни мерки.
Двајцата рапери и продукциската куќа не одговорија директно на ваквите наводи.
Скот рече дека ќе обезбеди помош за семејствата на жртвите.