Во Католичката црква во Франција, биле откриени илјадници педофили, кои злоставувале повеќе од 6500 жртви, пренесе „Ројтерс“. Злоставувачите биле откриени во рамките на истрагата која се водела од 2018 година, за некои од членовите на црквата.
„Имаме најдено докази за околу 3200 злоставувачи од вкупно 115.000 свештеници и други црковни лица“, рече шефот на истражувачкиот панел Жан-Марк Сове, кој дополни дека ова била само минимална проценка и дека целиот извештај од 2500 страници ќе го објавеле утре.
Доказите ги земале од црковните, судски и полициски архиви и од изјавите на некои од жртвите.
„На обвинителите ќе им предадеме докази за 22 случаи за кои сè уште може да се отвори криминална истрага. Бискупите и други високи црковни лица се известени за други обвинувања против лица кои сè уште се живи“, кажа Сове.
Комисијата контактирала повеќе од 6.500 жртви и сведоци во изминатите две и пол години.