Почина Џејмс Кан, водечкиот мачомен на Холивуд

пред 2 години

Џејмс Кан, актерот кој го глумеше Сони Корлеоне во „Кум“ и грубиот спортист во „Ролербол“, но имаше доволно самоувереност да покаже и чувствителна страна за време на својата долга кариера, почина на 82-годишна возраст.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Кан почина во средата вечерта во Лос Анџелес, изјави неговиот претставник Арнолд Робинсон за „Хоивуд репортер“, потврдувајќи ја објавата на Твитер- профилот на актерот.

Семејството не ја откри причината за смртта.

Кан ќе остане запаметен по неговата експлозивна изведба како Сони во филмот „Кум“ на Френсис Форд Копола (1972). Воодушевувајќи како нестабилен и конфронтирачки најстар син и наследник на криминалната империја на своето семејство, тој заработи номинација за „Оскар“ за најдобра споредна машка улога.

 

Share
Scroll to Top