Синоќа во Лондон се одржа премиерата на „Топ Ган-Маверик“, новото поглавје на легендарниот блокбастер од осумдесеттите, една од најочекуваните филмски премиери на годината.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Еден ден по неговата светска премиера на филмскиот фестивал во Кан, продолжението на оригиналниот „Топ ган“ привлече големо внимание и во британската метропола, а на црвениот тепих беа и членови на кралското семејство.
Медиумите веднаш објавија дека војводата и војвотката од Кембриџ, принцот Вилијам и Кејт, присуствуваа на свечениот настан.
Том Круз, ѕвездата на филмот, им се придружи на црвениот тепих на „Лестер Сквер“.
Оригиналниот филм „Топ Ган“ беше објавен пред повеќе од 30 години.