Принцот Хари и Меган пристигнaa во Холандија по посетата на Виндзор

пред 3 години

Принцот Хари и Меган Маркл присуствуваа на специјален прием за натпреварувачите на игрите „Инвиктус “ (Invictus Games 2022) во Холандија во петокот.

Нивното присуство на отворањето на спортскиот настан предизвика голем медиумски интерес.

Меган блеска во пролетен стајлинг со потпис на луксузниот италијански бренд „Валентино“.

Таа на себе има елегантен бел костум, бели чевли и мини чанта со златен оков, а Хари го носи својот препознатлив костум во морнарко сина боја додека се смешка и им мавта на присутните.

Двојката беше фотографирана во Хаг со учесници на игрите.

Хари (37) и Меган (40) се сретнаа и со украинскиот тим Invictus, а играчот Олег Карпенко напиша на Твитер за искуството: „Само погледнете кој е тука со нас, самиот принц .Тимот на Украина наскоро ќе почне да ги освојува медалите на овие натпревари. Јас сум горд.”

Нивното присуство на приемот, наводно, било снимено за претстојниот документарец на „Нетфликс“.

Меган ќе остане со својот сопруг првите неколку дена од турнирот – што се одржува од 16 до 22 април – пред да се врати дома во Калифорнија, а Хари ќе остане до крајот на настанот.

Војводата од Сасекс ги основаше игрите „Инвиктус“ во 2014 година, откако присуствуваше на Warrior Games, натпревар за ранети припадници на американската армија.

„Тој виде како моќта на спортот може да помогне физички, психолошки и социјално“, пишува на веб-страницата на Invictus.

Еден ден пред патувањето во Холандија, парот тивко и без многу помпа ја посети кралицата Елизабета Втора и принцот Чарлс во замокот Виндзор во пресрет на 96. роденден на монархињата.

Ова беше првпат Хари и Меган заедно да пристигнат во Обединетото Кралство откако ги напуштија своите должности во монархијата во 2020 година. Тие не ги донесоа своите деца: Арчи (2) и Лилибет (10 месеци).

Share
Scroll to Top