По компилацијата со најголемите хитови на Влатко Илиевски – „За љубов се пее до крај“, објавена во 2020-та година, на иницијатива на семејството на Влатко, на 2-ри јули ќе биде промовиран уште еден негов албум – „Последно танго“, составен од до сега необјавени песни.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
На денот кога Влатко ќе го прославеше својот 37-ми роденден, 2-ри јули 2022-ра, точно на пладне во ресторанот на ФК „Работнички“ во Градскиот парк, во присуство на неговите најблиски соработници и пријатели, за прв пат ќе бидат претставени песните кои, пред неговото трагично заминување, беа подготвувани за неговиот нов студиски албум. Нешто што несомнено претставува музички тестамент на нашиот Влатче, велат организаторите на настанот.
Станува збор за колекција од 14 песни, кои авторски ги потпишуваат Кристијан Габроски, Владимир Дојчиновски, Ристо Самарџиев, Дарко Тасев, Весна Малинова…, како и легендарниот лидер на „Дивље јагоде“ – Зеле Липовача.
Зеле и Влатко, на радост на многубројните фанови, заедно го снимија големиот хит на „Дивље јагоде“ – „ Не желиш крај“.
Албумот содржи до сега необјавени песни на носач на звук (некои фестивалски, две со Златни Славејчиња…), од кои половина се сосема нови, и никогаш не се најдоа ниту на носач на звук, ниту во радискиот етер, стои во соопштението.