Само неколку часа по обелоденувањето дека татко ѝ Брус Вилис се повлекува од актерството откога му беше дијагностицирана афазија, Румер Вилис сподели неколку троубек-фотографии.
Румер (33), најстарата од петте ќерки на 67-годишниот актер, ја соопшти веста на „Инстаграм“ во вторникот откривајќи дека афазијата влијае на неговите когнитивни способности.
Неколку часа по објавата, Румер на „Инстаграм-приказна“ објави фотографии од времето кога растела со акционата икона.
На првата фотографија е прикажан Брус како ја држи малата Румер во бел фустан. Тој има широка насмевка на лицето додека го држи своето прво дете.
На другите фотографии таа е неколку години постара.
На снимање: Уште една фотографија го покажува Вилис на снимање на научнофантастичниот филм „Петтиот елемент“ од 1995 година.
Последната фотографија е направена со Румер како го прегрнува својот татко додека тој седи на дрвен стол.