Се отвара Дино парк во скопската ЗОО

пред 5 години

Денеска официјално ќе биде отворен Дино парк Скопје, новата туристичка и едукативна атракција на градот, во склоп на Скопската зоолошка градина.

Дино паркот е заеднички проект на Град Скопје и ЈУ „Зоолошка градина Скопје“.

„Овие тематски паркови се светска и туристичка атракција и покрај забавниот дел, имаат и едукативна функција“, велат од Зоолошката градина.

Во паркот има 41 динасаурус. Посетителите ќе можат да ги видат Тираносаурус, Стегосаурус, Алосаурус во нивната природна големина, како и други помали диносауруси.

Тие ќе имаат синхронизирани движења, дишење, трепкање и ќе испуштаат звуци, со што целосно ќе се доловат овие праисториски животни.

Ова ќе биде прв Дино парк на Балканот каде ќе има толкав број на диносауруси.

Share
Scroll to Top