Том Хенкс е снимен како луто се обраќа на толпа луѓе да се повлечат откако неговата сопруга Рита Вилсон се сопнала и за малку ќе паднела кога упорни фанови ги опкружила на излегување од ресторан во Њујорк.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Актерот моментално го промовира својот најнов филм „Елвис“, во кој го портретира менаџерот на Присли, полковникот Том Паркер.
Додека излегувале од ресторан и оделе кон автомобил што ги чекал, на Хенкс и Вилсон им пришла група луѓе кои побарале селфи со нив.
Хенкс очигледно морал да реагира откако еден од нив се втурнал во сопругата и таа се сопнала. Снимката е поставена на Јутјуб.
На видеото се гледа како човек од обезбедувањето им го расчистува патот на двајцата за да поминат низ толпата додека го напуштаат ресторанот.