(Фото) И кинескиот ровер стигна на Марс

пред 3 години

googletag.cmd.push(function() { googletag.display(‘div-gpt-ad-1566809029200-0’); });

Кинеските власти соопштија дека нејзиниот вселенски брод „Тианвен-1“, денес влегол во орбитата на Марс. Во наредните месеци, тој ќе бара место каде ќе го спушти кинескиот ровер.

Од Кинеската Национална вселенска служба, соопштија дека вселенското летало наредните три месеци ќе ги мине во орбитата на Марс, пред да го спушти модулот со истражувачкиот ровер, кој ќе ја снима површината на Црвената планета и ќе истражува со помош на специјални сензори.

Минатиот четврток на Марс успешно се спушти американскиот истражувачки ровер, „Истрајност“, на подрачјето на преисториската делта река во кратерот Езеро, каде ќе бара остатоци од древен микро живот.

Кина денес и официјално стана втората држава која успешно стигна до Марс, а нејзиниот ровер на соларен погон, со големина на голф-визоло, ќе бара подземни води и докази за постоење на живот. Роверот ќе користи падобрани, ракетен погон и воздушни берниња за спуштање на Марс.

 

Share
Scroll to Top