Фудбалерите ќе добијат по 10.000 евра од државата

пред 5 години

Фудбалските репрезентативци ќе добијат по 10.000 евра награда од државата за пласман на Европското првенство во 2021.

Ова вчера беше одлучено на седницата на Владата, а премиерот Зоран Заев одлуката ја објави на „Фејсбук“.

По победата над Грузија од 1:0 во финалето на Лигата на нации, Македонија за првпат во својата историја избори пласман на Европско првенство.

Игор Ангеловски и неговите фудбалери ќе играат во група со репрезентациите на Холандија, Австрија и Украина.

Првите два натпревари на 13 и 17 јуни нашата репрезентација ќе ги игра во Букурешт, Романија, а на 21 јуни против Холандија во Амстердам.

Европското првенство требаше да се одржи во јуни и јули оваа година, но поради пандемијата на коронавирусот беше одложено за 2021.

Share
Scroll to Top