Џеј Пикет почина среде снимање вестерн филм

пред 3 години

Американскиот актер Џеј Пикет почина на 60 -годишна возраст среде снимање филм во неговата родна држава Ајдахо.

Актерот, најпознат по улогите во ТВ-сериите „Општа болница“ и „Порт Чарлс“, најверојатно претрпел срцев удар додека се подготвувал за нов кадар од модерниот вестерн Treasure Valley („Долина на богатството“), филм кој тој самиот го напиша а и глуми во него.

Неговиот колега и продуцент Џим Хефел откри дека „умрел седејќи на коњ додека чекал да почне снимањето на сцена од филмот“.

Во објава на Фејсбук, тој го опиша Пикет како „вистински каубој“.

„Џеј Пикет одлучи да одјава на небото“, напиша тој. „Изгубив добар пријател, а светот загуби голема личност“.