Американскиот претседател Џо Бајден составил тим специјализиран за интеревенции и решавање на како што вели агресивните сајбер напади, од страна на кинески хакери.
Овие хакери дошле до посед на мејловите на повеќе од 30.000 организации во САД, а најмногу биле погодени малите бизниси, градови и локалната самоуправа. Целта на нападите не биле само САД, туку и Европа, поточно European Banking Authority од каде објавија дека и тие се зафатени од нападите.
Сите организации кои користат Microsoft Exchange добиле совет да започнат да ги скенираат своите уреди за било какви пропусти, изјавиле од Белата куќа.
„Загрижени сме дека има многу жртви од ваквите напади и соработуваме со нашите партнери за да го дознаеме обемот на нападот“, изјавил Џен Псаки, портпаролот на Белата куќа.
Тој вели дека нападите биле откриени во јануари, а откако Microsoft мината недела објавиле за истите и издале закрпа со која се затвора пропустот, обемот се зголемил.
Безбедносните експерти од компанијата Volexity го известиле Microsoft за нападите и за пропустите. Од Volexity велат дека за развој на алатките кои хакерите ги корителе во нападот е потребна исклучителна вештина, но и дека нивното користење е едноставно.
„Овие пропусти се едноставни за злоупотреба. Не ви треба никакво специјално познавање или вештини. Треба само да се појавите и да кажете – ‘сакам да ја пробијам заштитата и да го прочитам целиот нивен имејл’. Ова е доволно“, изјавил претседателот на Volexity, Стивен Адаир.
Групата која ги извршила нападите од претходно e идентификувана во Microsoft Threat Intelligence Center, како „Хафниум“ .
Примарна цел на хакерите во САД била кражба на податоци од голем број индустриски сектори, вклучувајќи: истражувачи на заразни болести, адвокатски фирми, високообразовни институции, контрактори за одбрана, политички тинк-тенкови и невладини организации.
Иако „Хафниум“ е со седиште во Кина, активностите ги спроведувале првенствено од изнајмени виртуелни приватни сервери (VPS) во САД.
По откривањето минатата недела уште четири хакерски групи се приклучиле во нападите.
