Авалон продукција ќе го организира концертот на светската музичка ѕвезда Стинг во Сараево, на 19 март 2022 година. Ова е првиот голем настан што тие го закажаа за 2022 година, а ќе се одржи во олимписката сала „Зетра“.
Ова ќе биде и прв концерт на Стинг во Сараево во неговата долгогодишна кариера. По концертот на Ју-Ту во Сараево, одржан 1997 година на стадионот „Кошево“, ова е најголем музички настан досега во Босна и Херцеговина, пишуваат босанските медиуми.
„Стинг ја продолжува неговата турнеја ‘Мај сонгс’, која беше прекината поради короната, а на концертот ќе го промовира и неговиот нов албум “Бриџ“, кој ќе излезе во продажба на 19 ноември“, велат од Авалон.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба на 12 ноември (петок) преку продажната мрежа на kupikartu.ba.