Адријана Лима е новиот амбасадор на навивачите на меѓународната фудбалска федерација. Бразилскиот супермодел ќе ја претставува ФИФА на меѓународните манифестации посветени на љубителите на фудбалот. Првата задача ќе ја има на престојните „Д бест“ награди кои ќе се одржат во Париз.
„Кога ќе ја запознаете Адријана веднаш ја чувствувате нејзината топлина, љубезност и колку таа е отворена и покажува страст за фудбалот. Таа живее и дише за нашата игра. Затоа ќе биде одлична врска помеѓу ФИФА и навивачите ширум светот“, изјавл првиот човек на светскиот фудбал Џани Инфантино.
Introducing the first FIFA Global Fan Ambassador 🙌
In this role, @AdrianaLima will develop, promote and participate in several global initiatives involving fans from all over the world!
— FIFA (@FIFAcom) February 27, 2023