Репрезентативецот на Аргентина Лионел Меси наиде на голем број критики на дел од јавноста за тоа што ја облече мантијата за време на доделувањето на трофејот на Светското првенство во Катар. Романскиот тренер Чипријани Панаит, рече дека во никој случај не смеел да одбие.
„Гледам и слушам како некои мои колеги даваат изјави за ова, а немаат никакви информации. Ако Меси не ја облечеше мантијата, тоа ќе беше голема навреда за катарскиот шеик и ќе настанеше дипломатски конфликт. Тоа треба да го знаат оние кои сега го зборуваат ова“, рече Панаит за романскиот медиум Digisport.
За некој кој минал шест години во Саудиска Арабија, Панаит знае колку оваа мантија има тежина кај Катарците.
„Таа мантија ја носат само луѓе од владејачката класа, само богати луѓе. И кога ќе примите некого, тоа значи дека сте дел од нивното семејство, тоа значи дека сте добредојдени во тој круг. Тоа е најголемата можен чин на почит кој ви се укажува. Кога катарскиот емир ќе ви го подари овој подарок, мислам дека никој не смее да си дозволи да го одбие. Меси е во Пари Сен Жермен, зар не? Веројатно знаете дека неговиот газда е од кралското семејство, а не Насер Ал Калифи“, рече Панаит.