Актерот Бен Мекензи стана татко

Актерот Бен Мекензи стана татко

пред 4 години

Актерот Бен Мекензи, најпознат по улогата на Рајан Атвуд во серијата „Округот Оринџ“ и неговата сопруга Морена Бакарин, станаа родители. Тие добија син, кој ќе се вика Артур.

„2021 година станува сè подобра. Добредојде на овој свет Артур“, напиша Морена на Твитер и објави слика од бебето.

Ова е трето дете за Морена, која го има седумгодишниот син Џулиус од бракот со Остин Чик, а со Бен ја има ќерката Франсис (4).

Морена и Бен се запознаа додека работеа на серијата „Готам“, која се прикажуваше од 2014 до 2019 година. Двојката се венча во 2017 година.

Share
Scroll to Top