Актерот Мајкл Вилијамс пронајден мртов во својот дом во Бруклин

Актерот Мајкл Вилијамс пронајден мртов во својот дом во Бруклин

пред 3 години

Американскиот актер Мајкл Вилијмас во понеделникот, бил пронајден мртов во својот дом во Бруклин, пренесува „Њујорк Пост“. Покрај него бил најден прибор за дрога, па надлежните се сомневаат дека се предозирал. Неговото тело го нашле неговите најблиски во дневната соба.

Вилијамс е познат по хит серијата „Жица“, The Wire, каде го глумеше Омар Литл. По серијата тој тешко се прилагодувал на нормалниот живот. Се навлекол на дрога и почнал да ескеприментира со кокаин, кој му ги „земал“ парите заработени од серијата.

Медиумите пишуваа и дека поради дрогата го исфрлиле и од стан од Бруклин.

Вилијамс има глумено и во серијата „Сопранови“ и филмот „12 години ропство“, а неговиот лик го обожавал и поранешниот американски претседател, Барак Обама.

Пред да се занимава со глума, во деведесетите години Вилијамс бил успешен танчер. Тој има соработувано со Џорџ Мајкл и Мадона. Познатиот американски рапер Тупак Шакур, бил тој кој го поттикнал да се занимава со глума.

 

 

Share
Scroll to Top