Александар Белов слави 10 години љубов со Јелена

Александар Белов слави 10 години љубов со Јелена

пред 8 месеци

Поп-пејачот Александар Белов слави 10 години љубов со неговата сопруга Јелена.

Иако Белов се ожени во 2019 година, парот слави една деценија заеднички живот.

„Кога љубовта се случува, и кога животот ќе те погоди. Постојам јас и постоиш ти“, напиша сопругата на Белов и објави заедничка фотографија.

Инаку Јелена е од Крагуевац, Србија, каде и се одржа нивната венчавка во 2019 година. Свршувачката беше во Македонија пред манастирот Свети Наум во Охрид.

Александар и Јелена ја имаат ќерката Мина, која оваа година напони една година.

Share
Scroll to Top