Актерот Алек Болдвин присуствуваше на приватна комеморација за Халина Хачинс, снимателката која случајно ја уби на снимањето на новиот филм, заедно со нејзиниот сопруг и синот. Последното збогување од Хачинс се одржа во кругот на пријателите и семејството во Санта Фе, Ново Мексико, пишува „Њујорк пост“.
По трагичниот настан, во кој Болдвин ненамерно ја уби Хачинс и го рани режисерот Џоел Соуза, глумецот на „Твитер“ напиша дека е скршен од тага и дека ќе направи сè да им помогне на сопругот и синот на убиената снимателка. Тој самиот се предаде во полиција за да раскаже што се случило на снимањето.
Според американските медиуми, Болдвин неколку пати во текот на сослушувањето прашал зошто му дале пиштол со вистински куршуми и дека тоа никогаш не му се случило во текот на неговата кариера. Пиштолот на Болдвин му го дал помошник-директорот, велејќи дека е „ладен“, што значи дека е безбеден и дека во него нема куршуми.
Снимањето на филмот е прекинато на неодредено време. Против никого не е покренато обвинение, а во тек е отворена истрага за да се утврди како реквизитот пиштол бил наполнет со вистински куршуми.
Срцето ми е скршено за синот и сопругот на Халина, рече Алек Болдвин откога случајно уби снимателка