Еден од тројцата напаѓачи кој пукаше во шетачот на кучињата на Лејди Гага по грешка бил пуштен од затвор

Еден од тројцата напаѓачи кој пукаше во шетачот на кучињата на Лејди Гага по грешка бил пуштен од затвор

пред 2 години

Еден од тројцата напаѓачи кој минатата година пукаше во шетачот на кучињата на Лејди Гага, по грешка бил пуштен од затвор во Калифорнија, пренесеува The Guardian.

Браќата Џејмс Џексон, заедно со Џејлин Вајт и Лафејет Вајли, беа обвинети за обид за убиство на Рајан Фишер, човекот кој ги шеташе француските булдози на Лејди Гага.

Тие прво пукале на него, а потоа му ги украле кучињата. Фишер бил веднаш однесен во болница, а неговата состојба по пет дена се стабилизирала. Иако изгубил многу крв, тој се опоравил.

„Ја гледав смртта во очи. Опоравувањето не беше едноставно. Ќе ви пишам кога состојбата ќе ми се подобри, а сега сакам да ви кажам колку сум благодарен за љубовта и внимание кои ми ги дадовте. Ја чувствувам вашата поддршка. Фала и до полицијата која успеа да ги врати кучињата. Знам и дека ќе направи сè за да ги фати криминалците кои се обидоа да ме убијат. Фала ти и на тебе Гага. Последните денови постојано беше со мене и моето семејство, а твојата среќа сега повторно ги собра. Успеавме“, рече Фишер.

 

Share
Scroll to Top