Американскиот инфлуенсер и модел Џеф Томас почина на 35 години, пренесе „ТМЗ“. Причината за смртта засега не е потврдеа и се очекуваат резултатите од обдукцијата. Од полицијата велат дека извршил самоубиство скокајќи од балкон од зграда во Мајами.
Бил дел од агенцијата AMCK Models од Лондон, а основа и консултантска агенција за уметност.
Повеќе од 120.000 фанови го следеа на „Инстаграм“. Истиот ден кога полицијата добила дојава за неговата смрт, Томас споделил фотографија на социјалните мрежи. Голем број фанови и пријатели веќе се простија од него упатувајќи сочувство до семејството.
„Драг мој Џеф. Правевме планови, се шегувавме, сонувавме да патуваме заедно во Европа. Тешко е да се разбере дека те нема. Создаде огромна празнина. Те сакавме и ти посакавме сè најдобро, како и ти на сите нас. Ќе ни недостасуваш, твојата насмевка, твојот танц“, биле само некои од многуте коментари.