Американските обвинители имаат доволно докази да го затворат принцот Ендру на долг период

Американските обвинители имаат доволно докази да го затворат принцот Ендру на долг период

пред 2 години

Американските обвинители имаат доволно докази за да го затворат синот на британската кралица Елизабета, принцот Ендру, на долг период во затвор, пишува американскиот магазин Globe.

Против војдата од Јорк минатата година беа упатени сериозни обвинувања дека и тој учествувал во педофилскиот ланец, кој го предводел починатиот милијардер Џефри Епштајн.

Иако принцот ги негирал обвинувањата, сè повеќе луѓе се сомневаат во него, а дел од американските таблоиди пишуваат дека сега тој може да се соочи со долгогодишна казна затвор.

Анонимен извор за Globe открива дека алибито кое треба да го спаси принцот од обвинувањата, било многу слабо. Американските обвинители имаат доволно за да го стават во затвор, открива изворот, додавајќи дека и самата кралица го убедувала Ендру да се договори со обвинителите.

„Кралицата не сака семејството дополнително да биде изложено на јавен срам“, вели изворот.

Една од клучните личности која би можела да му пресуди на принцот, покрај сведочењето на жртвите, е Гислејн Максвел, жената која пред да умре Епштајн, беше  позната како негова десна рака.

Таа наводно би требало да го разоткрие моментот додека била во врска со принцот и како тој доашал до контакт со малолетни девојки. Максвел била таа која му набавувала малолетни девојки на Епштајн, кој потоаа тој ги продавал за секс на познати политичари, бизнисмени, глумци и други.

Меѓу нив биле и поранешниот американски претседател Бил Клинтон, глумецот Кевин Спејси, но и принцот Ендру.

За потетување, најмногу прашина во јавноста подигна сведочењето на Вирџинија Роберт, жената која имала само 17 години кога имала секс со британскиот приц Ендру.

„Доживеа екстаза додека имавме секс. Се концентрираше на моите прсти на нозете. Тоа беа најлудите 10 минути во мојот живот“, изјавила Робертс во нејзините изјави.

 

 

 

Share
Scroll to Top