Англичанец спаси 20.000 видеокасети што требало да завршат на депонија

Англичанец спаси 20.000 видеокасети што требало да завршат на депонија

пред 3 години

Сопстевникот на последната видеотека во Велика Британија, Енди Џонсон (42) од Ливерпул, патуваше речиси 500 километри до шкотскиот град Данди за да собере над 20.000 видеокасети и да ги спаси од депонија. Со донацијата од колекционерот, кој ги чуваше складирани во три гаражи, тој двојно ќе ја зголеми својата зголеми својата колекција, која сега брои 15.000 наслови.

„Бев воодушевен кога ми се јавија и ми кажаа дека можеби има 20.000 касети. Доколку не ги земев, ќе завршеа на депонија, зашто ВХС касетите не можат да се рециклираат“, кажа Џонсон.

Тој ја отвори неговата видеотека во 2018, а поради позитивните реакции мораше да ја прошири продавницата откако почнаа да му праќаат касети со филмови од целата земја.

Според него, иако е ера на стримување, младите се сè позаинтересирани да ги искусат филмовите од касета.

„ВХС доживува враќање слично на винилот. Луѓето сакаат физичка врска со своите омилени филмови“, вели тој.

Share
Scroll to Top