Анџелина Џоли ќе мора да му признае пораз на Бред Пит

Анџелина Џоли ќе мора да му признае пораз на Бред Пит

пред 11 месец

Актерката Анџелина Џоли ќе мора многу брзо да признае дека е поразена во судскиот процес со  нејзиниот поранешен партнер Бред Пит, кој се води околу старателството над нивните пет малолетни деца.

Според National Enquirer, Џоли го развлекувала судскиот процес, колку што можела подолго, но повеќе нема да може да вади карти од ракавот и ќе мора да попушти на барањето на Бред за рамноправно физичко и правно старателство.

Извор близок до двете холивудски ѕвезди потврдил дека Џоли е свесна дека нема премногу време и дека кога тогаш ќе мора да потпише капитулација.

„Џоли ја развлекуваше битката околу старателството најмногу што можеше. Тоа беше фрустирачки за голем број луѓе околу неа, вклучително и судот. Но, сега нема веќе маневарски простор и ќе мора да го признае поразот“, објаснил изворот.

Тој додал и дека на актерката не ѝ помогнало ниту барањето за иземање на судијата, затоа што бил премногу близок со адвокатите на Бред. Судот го одби таквото нејзино барање.

„На Џоли не ѝ се допаѓа како се одвиваат работите во судницата, па сакаше да го промени судијата. Но, никој не веруваше во нејзините аргументи. Работите во судницата не се одвиваат во нејзина корист и покрај тоа што таа го одолговлекуваше процесот“, открива изворот.

За потсетување, неодамна магазинот „Стар“ пишуваше дека Џоли си поставила лична мисија да му го загорчи животот на Бред Пит, со кого се разведе пред четири години.

„Како да чувствува некакво болно задоволство во тоа да го мачи“, открил тогаш извор близок до актерката. Тој објасни дека за таквата состојба виновен е и самиот Бред Пит, кој неодамна ја донесе сега веќе неговата поранешна девојка, германскиот модел Никол Потуралски на романтичен викенд во замокот во Франција, каде тој и Џоли се венчаа.

Share

AnimeKisa: Sekaiichi Hatsukoi: Propose-hen anime episode Full online free at https://animekisa.in watch anime free

Website https://animebee.to: Watch Seton Academy: Join the Pack! animebee Episode 12 anime streaming

Professor Layton and the Eternal Diva (Dub) (https://4anime.biz/m/DvYk) Episode Full

Website https://kissanime.mx: Watch Chikyuu Bouei Kigyou Dai-Guard kissanime Episode 26 kissanime uk

Zoimas: https://www.zoimas.com/profile/animefreakws/about

Mobygames: https://www.mobygames.com/user/sheet/userSheetId,819347/

Scroll to Top