Атлетичарот Дарио Ивановски е нов балкански шампион на 3.000 метри

Атлетичарот Дарио Ивановски е нов балкански шампион на 3.000 метри

пред 4 години

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски освои злато во трката на 3.000 метри на Балканското првенство во сала, што викендов се одржува во Истанбул. Тој стана нов балкански шампион со време од 8:03:95 минути. Ивановски имаше подобро време од Чихат Улус од Турција и Словенецот Вид Ботолин.

На атлетската Балканијада учествува и Јован Стојковски, кој ќе настапи во трката на 400 метри.

На Балканското атлетско првенство во сала во Истанбул настапуваат над 250 атлетичари од 22 држави.

Ивановски следниот викенд ќе настапи и на Европското првенство во сала што ќе се одржи во Торун, Полска.

Share
Scroll to Top