Аца Лукас хоспитализиран во болница, па пуштeн оти не му било ништо сериозно

Аца Лукас хоспитализиран во болница, па пуштeн оти не му било ништо сериозно

пред 4 години

Српскиот фолк пејач, Аца Лукас, пред два дена, бил итно хоспитализиран откако му се слошило во неговиот дом, пренесуваат српските медиуми.

Пејачот почувствувал силни болки во стомакот, а бидејќи болката не престанала, Лукас побарал лекарска помош.

Тој веднаш бил примен во клиниката, каде што детално бил прегледан од лекарите, кои му ги направиле сите потребни анализи.

Сепак, лекарскиот тим дошол до заклучок дека не станува збор за никаква сериозна болест, по што пејачот бил пуштен на домашно лекување. Бил тестиран и за коронавирус за што излегол исто така негативен.

Со оглед  дека Лукас периодов има многу обврски околу новиот албук кој го издава, лекарите го советувале секое слободно време да го искористи за да одмара.

Share
Scroll to Top