Бен Афлек му даде „ламборгини“ на 10-годишниот син, а тој го удри во „бмв“

Бен Афлек му даде „ламборгини“ на 10-годишниот син, а тој го удри во „бмв“

пред 2 години

Десетгодишниот син на актерот Бен Афлек, Семјуел, предизвика сообраќајна незгода кога со „ламборгини“ удри во друг спортски автомобил.

dobivaj vesti na viber

Несреќата се случила кога зад воланот на жолтиот теренец „ламборгини урус“ седнал синот на Афлек и почнал да се движи во рикверц и ненадејно удрил во браникот на бело „бмв“. По ударот, 10-годишниот Семјуел Афлек излегол од автомобилот и ја видел штетата, а тоа го направил и татко му Бен Афлек, а потоа го прегрнал својот син.

Претставникот за медиумите на Афлек за TMZ изјави дека нема штета.

Работник од претставништвото за автомобили, 777 Exotics, изјавил за „Пост“ дека, за среќа, нема никој повреден, но и дека Семјуел не е виновен бидејќи нивните возила се паркирани многу блиску едно до друго.

 

Share
Scroll to Top